-Бројни нерегуларности се забележани во организација на СДСМ и ДУИ, како заплашување на гласачи, бугарски воз во Липковско и Сарај, употреба на полицијa – рече Таравари пред новинарите.

Објавил: Владо Марин | 15 јули, 2020 22:14

Таравари: Водиме убедливо пред ДУИ, се надевам овој победнички тренд ќе продолжи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ние сме во убедлива предност пред ДУИ во изборните единици од каде добиваме информации, се надеваме дека овој тренд ќе продолжи до крајот на броењето на гласовите, истакна генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.

Тој во изборниот штаб најави дека партиските лидери на коалицијата ААА, Зијадин Села и Африм Гаши, ќе се обратат пред јавноста на конференција во 23:30 часот!

– Првичните резултати што ни стасуваат се дека сме во убедлива предност пред ДУИ. За време на изборите се регистрирани бројни нерегуларности и тоа од партиите кои се на власт СДСМ заедно со ДУИ.

Употребени се застрашувања на граѓаните, употреба на полиција, злоупотреби се регистрирани во селото Лојане во Раманли во Куманово каде е регистриран „бугарски воз“, во Сарај.

Има злоупотреби на гласачите и во други изборни единици.
Трендот е победнички и се надевам дека ќе славиме голема победа по 18 години – изјави Таравари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...