До 20:30 часот излезноста на предвремените парламентарни избори, во сите шест изборни единици е 50,84% отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија на вечерашната прес-конференција.
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека излезноста на изборите надминала 50 отсто!
ИЕ 2 – 47,97%
ИЕ 3 – 57,37%
ИЕ 4 – 59,79%
ИЕ 5 – 50,16%
ИЕ 6 – 39,23%
Пендаровски: Учесниците да си подадат рака!
Додека сите партии се надеваат дека довербата ќе им биде доделена токму ним, претседателот на државата, Стево Пендаровски, потенцира дека најважно е изборниот процес да биде во рамките на законските прописи и во демократска, мирна и толерантна атмосфера се до прогласувањето на резултатите.
„Сосема небитно од тоа кој ќе биде формален победник вечерва, очекувам како што и доликува на една европска демократска држава, сите учесници на изборниот процес вечер да си подадат рака и да си честитаат еден на друг“, порача Пендаровски по гласањето.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.