Во изјавата на лекарот од Белата куќа е наведено дека Трамп започнал да го зема лекот ремдесивир, пренесува Ројтерс.

Објавил: Владо Марин | 3 октомври, 2020 15:45

(ГАЛЕРИЈА) ЗДИВОТ ДА ВИ ЗАСТАНЕ ОД ЛУКСУЗ: Погледнете како изгледа внатрешноста на собите каде што се лекува Трамп и неговата сопруга!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп беше префрлен во воената болница Валтер Рид во Мериленд во петокот вечерта, бидејќи, откако беше потврдено дека е позитивен на вирусот корона, тој започна да ги покажува првите симптоми, како што се малку покачена температура и кашлица.

Апартманот е специјално опремен со безбедносен систем и опрема за комуникација, рекол адмиралот Кони Мариано, кој бил личен лекар на претседателите Џорџ Буш и Бил Клинтон и директор на медицинското одделение во Белата куќа.

Медиумите објавија дека 70-годишниот Трамп е седми претседател на САД по Првата Светска војна кој има сериозни здравствени проблеми!

Модерната свит соба е резервирана за првата дама на Америка, Меланија Трамп! Foto: USA TODAY NETWORK / SIPAUSA

Непосредно пред заминувањето, тој преку видео снимка и се обрати на нацијата.

Сакам да ви се заблагодарам на сите за фантастичната поддршка. Одам во болницата Волтер Рид. Мислам дека сум многу добро, но одиме да се уверам за сѐ да излезе во ред. И првата дама е добро. Ви благодарам, го ценам тоа и никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам, изјави Доналд Трамп., претседател на САД.

Од оваа соба Трамо може да ги избршува работните задачи преку онлине разговори! Foto: USA TODAY NETWORK / SIPAUSA

Во изјавата на лекарот од Белата куќа е наведено дека Трамп започнал да го зема лекот ремдесивир, пренесува Ројтерс.

Тој додава дека не му е потребна поддршка за кислород. Белата куќа претходно објави дека Трамп, како претпазливост и по препорака на лекари и медицински експерти, ќе работи од претседателската канцеларија во болницата во следните неколку дена.

Собата за здравствените прегледи на претседателот Трамп! Foto: USA TODAY NETWORK / SIPAUSA

Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекнени изјави дека американскиот претседател ќе се лекува во воената болница Валтер Рид во Бетесда, Мериленд, во следните неколку дена како претпазливост.

„Претседателот Трамп е добро расположен, има благи симптоми и работи цел ден денес“, рече Мекени, цитиран од Ројтерс.

Сепак, поради претпазливост и по препорака на лекари и здравствени експерти, претседателот ќе работи од претседателската канцеларија во Валтер Рид во следните неколку дена, се вели во соопштението на Белата куќа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...