СМК протестира поради злоупотребата на бугарските пасоши за Македонците во Албанија како можност за евиденција на Македонците со “бугарски корени“ во обидите да се иселат од Албанија во земјите на Западна Европа.

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 20:40

СОФИЈА СЕ ПОАГРЕСИВНА ВО ОБИДИТЕ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА КАКО “БУГАРИ“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Светскиот Македонски Конгрес изразува жалење од изјавата на албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај при вчерашната посета на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во Софија, дека “бугарското етничко малцинство во Албанија служи како мост меѓу двата народа“, иако во Албанија “бугари“ нема, а за “бугари“ во односите меѓу Софија и Тирана се сметаат Македонците во Албанија!

СМК најостро ги осудува територијалните претензии на Софија кон Македонија од времето на руската креација “Санстефанска Бугарија“ од 3 март 1878 година и хегемонистичките апетити на Софија и кон Албанија, која со злоупотреба на правото на вето за членство во Европската Унија ја изнуди во Законот за заштита на националните малцинства донесен во 2017 година, покрај, Македонците, Грците, Власите, Ромите, Црногорците, Србите, Египтјаните и Бошњаците, дa го впише и непостоечко “бугарско малцинство“, имајќи предвид дека за Софија “бугари“ во Албанија се Македонците.

СМК не ја спори помошта што Бугарија и’ ја пружа на Албанија преку нејзините фондови и фондовите на Европската Унија, меѓутоа најостро протестира, затоа што тоа Софија го прави во областите каде живеат Македонците, а проектите ги претставува како помош за “бугарското малцинство“ во Албанија, општините и селата каде што живеат Македонци ги именуваат за “бугарски села и општини во Албанија“.

СМК ја осудува денационализаторската мисија на Фондацијата “Бугарска памет“ на Милен Врабески меѓу Македонците во Албанија, во обидот за нивна денационализација во “бугари“.

СМК изразува разочарување од контактите на македонски државници и клирици со Милан Врабески и Фондацијата “Бугарска памет“ и покрај нејзината антимакедонска мисија!

СМК ја повикува Македонската влада да обезбеди видлива поддршка за Македонците во областите Врбник до Билишта, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, и други места каде живеат Македонците, како што тоа го прави Бугарија со: изградба на асфалтен пат меѓу градот Билишта и селото Врбник каде што живеат етнички Македонци; помошта на општина Пустец во противпожарно возило, амбулантно возило, теренско возило за социјални работи; компјутерска училница, библиотека и канцеларија за наставниците во гимназијата во Пустец; како и средствата за тековно работење на новоформирани “бугарски друштва“ со Македонци на кои им издава бугарски пасоши.

СМК протестира поради злоупотребата на бугарските пасоши за Македонците во Албанија како можност за евиденција на Македонците со “бугарски корени“ во обидите да се иселат од Албанија во земјите на Западна Европа.

Пишува Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...