Основачот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, екс премиерот Љубчо Георгиевски со новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Груевски кој е негов наследник во партијата, повеќе ја немаат титулата почесен претседател.

Објавил: Владо Марин | 23 јули, 2020 13:42

Љубчо Георгиевски на суд ќе ја враќа титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©Поглед.мк

Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски подготвува адвокатскиот тим за покренување тужба против ВМРО-ДПМНЕ бидејќи согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право како почесен претседател на партијата не може да биде одземено, пишува Поглед.мк, портал близок до неговата сегашна партија ВМРО-НП.

Основачот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, екс премиерот Љубчо Георгиевски со новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Груевски кој е негов наследник во партијата, повеќе ја немаат титулата почесен претседател.

Според добро информирани извори блиски до Георгиевски дознаваме дека тој подготвува добар тим на адвокати кои ќе покренат тужба против ВМРО-ДПМНЕ во негово име, бидејќи согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право не може да биде одземено. Според процедурите нешто што е донесено на Конгрес, не може да биде изменето од страна на ЦК.

Љубчо Георгиевски беше еден од првите високо позиционирани политичари не само во државата, туку и човек кој ја создал ВМРО-ДПМНЕ а кој истакна поддршка за сегашниот претседател на партијата Христијан Мицкоски. Тој веднаш по неговото назначување напиша статус во кој рече дека е потребно да му се даде шанса на Мицкоски за да стави свој печат во ВМРО. Сепак после одреден период, поради како што рече, истите политики кои ги применувал Груевски, Георгиевски го критикуваше Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека го наследиле генот за фалсификување од нивниот претходник Никола Груевски.

Фалсификатите на господинот Груевски направија од Македонците карикатури во светски рамки. За неинформираните само да потсетам дека Драган Богдановски воопшто не беше во салата на 17 јуни а во целата кампања 90-та година се појави точно пет пати со по пет минути говор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести