Информацијата за „360 степени“ ја потврдиле и од неговата матична партија, ДУИ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2020 14:36

Џафери примен на Инфективна клиника!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседатателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е примен на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Скопје „Мајка Тереза“, јавува „360 степени“.

Информацијата за „360 степени“ ја потврдиле и од неговата матична партија, ДУИ.

-(Примен е н.з.) на системска контрола. На тестирањето (за ковид-19 н.з.) е негативен, велат од ДУИ.

Талат Џафери, и покрај негативниот тест на коронавирус, сепак има симптоми на Ковид-19.

И од неофицијални извори, „360 степени“ дознава дека Талат Џафери бил негативен на тестот за Ковид-19, но дека повеќе симптоми укажувале на присуство на вирусот. Тој e во стабилна состојба, но има пневмонија.

Талат Џафери на 21 јули (во вторникот) за  „Плусинфо“ изјави дека се тестирал за Ковид-19 и дека тестот му е негативен. Најави дека ако треба ќе направи уште еден тест, пред одржувањето на конститутивната седница на Собранието.

Претходно двајца владинни министри од ДУИ, објавија дека се заболени од коронавирус.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми е позитивен на КОВИД -19. Тој на својот Фејсбук профил објави дека по неколкуте благи симптоми што ги имал и сомневањата дека можеби е заразен, направил тест, кој покажал дека е позитивен.

Пред два дена и министерот за економија Крешник Бектеши обелодени дека е позитивен на КОВИД-19.

Епидемиолозите велат дека за неколку дена, односно во текот на наредната недела ќе дознаеме дали се работи за изборен кластер, доколку нагло се зголеми бројот на заболени.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.