Забавите на скопјани викендов се префрлија во луксузни вили и викендици во скопските населби Соње, Сопиште, Илинден, но и во Раштак и Радишани. Според информации на 24 инфо се изнајмуваат викендици како за прослави за родендени за 250 до 500 евра за вечер и се собираат по триесетина луѓе. Ако доплатите може да добиете и пица мајстор или готвач кој за одредена цена ќе ви спрема јадење.
Се јавивме на огласите кои се вртат по интернет на огласите кои нудат станови и викендици за прослави. Дел од нив ни рекоа дека се зафатени следните дваесетина дена, а за некои нема место до јуни за викендите. Немало откажување на претходните резервации.
Прашавме во Пазарна инспекција дали знаат за ова и како го санкционираат, но ни рекоа дека на приватен имот може да реагира само Министерството за внатрешни работи.
-Препораките мора да се почитуваат. Македонците се чуден народ. Прво се собираа на Водно, но откако се забрани пристапот се собираа во Градскиот парк. После тоа почна да ги користат кафулињата на бензиските пумпи. Сега и тие се затворени па бараат нова алтернатива. Наши инспектори постојано се на терен, некои работат и по 18 часа и ќе бидат санкционирани сите кои не ги почитуваат мерките за корона вирус- вели Стојко Пауновски, директор на Пазарната инспекција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.