Не сум сигурен, но мислам дека неколку наши државни раководители, коишто деновиве се појавуваа на конференециите во печат, изговорија една иста реченица – мерки не преземаме според она што го пишува на Фејсбук и во медиумите, туку според сериозни анализи.
Во ред, другарки и другари, дами и господо од власта. Ве разбирам.
Но, очекувам и вие да ме разберете и мене и сите нас кои ги почитуваме мерките за социјално дистанцирање што ги предлагате, што не ве дружиме на вашите пресови и што не ви пишуваме пречесто, бидејќи претпоставуваме дека вашите телефони ионака „горат“ од поважни разговори, преписки и пораки.
Ние немаме друг начин да го споделиме со вас она што допира со нас, освен да пишуваме на социјалните мрежи и еден помал дел од нас и во медиумите.
Ќе потсетам. Не само јас, туку и многу други луѓе што ги следам во медиумите и на Фејсбук, освен што им дадоа безрезервна поддршка на здравствените власти и на министерот Венко Филипче, предупредивме дека се потребни поитни и порадикални мерки.
Меѓу тие луѓе, со кои јас лично се консултирам, има угледен епидемиолог, неколку лекари со долгогодишно искуство и неколку добро информирани лаици со способност да направат добра селекција на фактите од она што го читаат секојдневно и чија „лаичка експертиза“ (еве еден убав оскиморон) не треба да се потценува.
Овој долг вовед ми е неопходен, за да ви објаснам дека она што ќе го кажам во овој текст, всушност, се предлози и размислувања на умни и разумни луѓе, а јас ги сублимирам и ги пренесувам јавно тие предлози.
За кои треба да размислувате и да бидете отворени. Бидејќи за неколку дена, вие ќе постапите така како што предлагам во името на повеќе разумни луѓе – како што ги затворите училиштата ОТКАКО ние предоживме тоа да се стори, како што конечно некако го запревте (ако воопшто сте го запреле) „увозот“ на вирусот ОТКАКО јас и многу други баравме затворање на границите, како што конечно воведовте вонредна состојба ОТКАКО многу други тоа го побараа, а јас на претседателот Пендаровски јавно му соопштив дека нема 48 часа за размислување (и немаше).
Без оглед на сите можни реакции на овој текст, чувствувам дека во овој пресвртен момент има потреба ЈАВНО да ви се каже она што мора да ви се каже, без оглед колку тоа некого нервира. И ќе ви се каже!
Значи, бројките се страшни! Тие покажуваат дека степенот на зараза и степенот на локална трансмисија во Македонија се најголеми на Балканот (ја исклучувам Грција).
Тоа значи дека веќе сме во предворјето на т.н. италијанско сценарио. Тоа налага ВЕДНАШ да преземете мерки коишто се соодветни и овозможени со прогласената вонредна состојба. Време е за вонредни мерки!
Што значи тоа?
Пишува: Бранко Героски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.