Обично неспецифичната одбрана ефективно ги уништува микроорганизмите, но доколку таа се покаже како неефективна и микроорганизмите навлезат во телото, тогаш специфичната одбрана влегува во акција.

Објавил: Владо Марин | 5 април, 2020 21:07

Која е улогата на имуниот систем?

Фото/Текст извор: ©Магазин

Имунолошкиот систем претставува збир од органи ткива и жлезди кои го штитат телото од туѓи супстанци. Во овие супстанци спаѓаат бактерии и вируси и други паразити и патогени кои предизвикуваат инфекција.

Обично имунолошкиот систем е многу ефективен во одбраната на телото, но понекогаш можат да се случат грешки, што може да доведе до тешки последици. Резултатот може да е алергиска реакција со различна сериозност.
Човечкото тело е постојано нападнато од патогени или паразити. Имунолошкиот систем го штити човекот од овие супстанци на два начина: специфично и неспецифично.

Принцип на дејствување

Човечкото тело е постојано нападнато од патогени или паразити. Имунолошкиот систем го штити човекот од овие супстанци на два начина: специфично и неспецифично. Неспецифичната одбрана, која ги вклучува кожата и мукознитемембрани, служи како прва одбранбена линија за превенција од навлегување на патогени во телото. Специфичната одбрана се активира тогаш кога микроорганизмите ќе ги поминат неспецифичните бариери и ќе извршат инвазија во организмот.За да имунолошкиот систем работи нормално мора да се случат две работи: прво, телото мора да препознае дека е инвадирано, било од патогени или токсини.Второ, имуниот одговор мора да се активира брзо, пред туѓите супстанци да уништат многу телесни Клетки.
За да имунолошкиот систем одговори ефективно, неколку услови мораат да бидат исполнети, вклучувајќи ги и правилните заемодејства на неспецифичната и специфичната одбрана.

Неспецифичната одбрана на кожата не го идентификува антигенот кој го напаѓа организмот. Обично неспецифичната одбрана ефективно ги уништува микроорганизмите, но доколку таа се покаже како неефективна и микроорганизмите навлезат во телото, тогаш специфичната одбрана влегува во акција. Таа функционира со откривање на антигенот и негово уништување.

Клеточната мембрана на секоја клетка поседува различни протеини кои заедно се познати како главен комплекс на хистокомпатибилност или ГКХ.

ГКХ е некој вид на влезна шифра, бидејќи сите клетки во телото мораат да имаат идентичен ГХК, така што телото ќе може да ги идентификува тие клетки како свои. Туѓ микроорганизам, како бактерија, нема ист ГХК, па така имунолошкиот систем го алармира организмот дека е нападнат од туѓа честичка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...