Ден на кој монструозно, ладнокрвно се убиени нашите четири деца и еден средовечен во Смилковци, на најголемиот христијански празник.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2020 11:34

Дурловски: Сериозноста на ситуацијата е поголема од било која Влада или суета!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонскиот оперски пејач, Игор Дурловски на својот Фејсбук профил посвети статус за убиените момчиња кај Смилковското Езеро, имено тој потсети дека токму на тој ден требаше да се одржат избори, но доколку се беше нормално.

Игор Дурловски на Фејсбук…

Статусот го пренесуваме во целост…

12 април 2020 Цветници

Ден на кој монструозно, ладнокрвно се убиени нашите четири деца и еден средовечен во Смилковци, на најголемиот христијански празник.

Ден на кој требаше да се одржат избори, ако околностите беа нормални.

Светот се соочува со пандемијата но и со економските импликации кои неминовно ќе го загрозат начинот на живот и економската состојба на луѓето.

Ќе се соочиме со најголема задолженост на државата од нејзиното постоење. Сериозноста на ситуацијата е поголема од било која влада, политичка партија или нечија суета а состојбата во која се наоѓаме можеби немаше да биде толку драматична ако владата работеше државнички наместо да не заслепува со ,,блескање” и дневно политички маневри на купување на гласот на граѓаните.

Беа фокусирани на креирање на буџет за избори, наместо буџет насочен кон развој.
Господа од власта, преслушајте ги уште еднаш предлозите на Христијан Мицкоски, надминете ги суетите и почнете да работите за доброто на граѓаните.

Вашите пари ќе станат безвредни ако станеме сведоци на тотален економски колапс, а вие токму натаму не водите.
Но, да знаете дека нема да ви биде простено.

Нема ни за вашите предавства, ни за невините по затвори, ни за виновните на слобода, ни за вашето незнаење, ни за грабежот на парите и надежта на младите, ниту за недржавничките политики а најмалку за корупцијата и распродажбата на националните интереси и понижувањето на македонскиот народ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...