Новата нека биде подобра за сите, пишува на својот Фејсбук профил оперскиот пејач Игор Дурловски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 декември, 2019 10:18

Дурловски: Го победив “системот” кога изгледаше дека е најсилен, новата нека биде подобра за сите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски на својот фејсбук профил ги прокоментира моменталните случувања во државата. Тој направи ретроспектива на настаните во годинава која изминува и вели дека успеал да го победи системот кој се чинел непобедлив.

Моја ретроспектива на 2019та. Го победив “системот” кога изгледаше дека е најсилен.
Новата нека биде подобра за сите, пишува на својот Фејсбук профил оперскиот пејач Игор Дурловски.

Дурловски пред неколку дена исто така се огласи по повод случувањата во државата и сподели вест со наслов – Заев: Сметам дека предлогот за технички министер на МВР не е во согласност со Уставот, а во описот над неа напиша:

Во согласност со Устав беше изборот на претседател на собрание со 59 гласа,
во согласност со Устав беше законот за јазици со европско знаменце,
во согласност со Устав беше уцената на пратеници со долгогодишни затворски казни,во согласност со Устав беше промената на името по неуспешен референдум.
Во согласност со Устав ни го зедовте најсветото, ова на својот фејсбук профил го напиша Игор Дурловски.

Во јавноста името на Дурловски се споменуваше откако тој беше осуден за настаните во Собранието на 27-ми април. На 15 март годинава обвинетиот Игор Дурловски беше ослободен од обвинението за тероризам, а беше одлучено трошоците за Дурловски да паднат на товар на буџетот на Република Македонија, и тој редовно да се јавува во суд.

Игор Дурловски е роден 1977 во Битола.Тој  е еден од најпознатите македонски оперски пејачи.

Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена.

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...