Се претпоставува дека моментално во федерацијата Босна и Херцеговина има над 30.000 мигранти


Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 14:59

Европската Комисија ќе и даде шест милиони евра на Босна и Херцеговина за мигрантите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Европската Комисија денеска одобри шест милиони евра поддршка за Босна и Херцеговина за справувањето со миграциските предизвици.

Фондовите треба да и помогнат на земјата да ги спроведе мерките за идентификација – регистрација – сместување и други основни услуги за мигрантите и бегалците кои поминуваат низ оваа земја.

Овие шест милиони евра треба да се додадат не веќе одобрените еден и пол милион евра во јуни итна хуманитарна помош.

Босна и Херцеговина во последните месеци се наоѓа на новата миграциска рута за бегалците и мигрантите откако беше затворена балканската рута која поминува низ Македонија или беа во Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.