Албанската полиција трага по осомничениот

Објавил: admin@magazin | 11 август, 2018 9:22

Масакар во Албанија: Убил 8 мина роднини

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчера попладнето во селото Ресулај, во близина на албанскиот град Валона, 24-годишник убил осум свои роднини, а ранил шестмина, јавуваат тамошните медиуми

Масакрот наводно настанал поради нерасчистени проблеми околу имот. Информациите се дека осомничениот Ридван Зукај влегол во куќата на своите баба и дедо вооружен со калашников и ги застрелал.

Заедно со нив убил уште две други лица од семејството на чичко му. Потоа заминал во куќата на другиот чичко, која била само 30-тина метри подалеку. Таму ги убил чичко му, неговата сопруга и две деца, од кои едното на 16, а другото на 8 години.

Шестмина други лица се ранети, а осомничениот е во бегство.

Информациите се дека Зукај бил корисник на дрога.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.