Денес во текот на претпладнево ќе биде постабилно и со повеќе сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста кога ќе има услови за локален дожд, локално ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Потоа во следните неколку денови ќе продолжи периодот на нестабилно време во попладневните часови, исто така ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Можна е и ретка појава на НЕВРЕМЕ проследено со град.
Максималните дневни температури до недела нема многу да се менуваат, посвежо време со северен ветер ќе имаме од понеделник.
Подготви: Славчо Попоски
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.