Јосип Броз - Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz - Tito, Кумровец, 7 мај 1892 - Љубљана, 4 мај 1980) — југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 мај, 2020 10:15

Четириесет години од смртта на доживотниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Четврти мај, 1980 е најтажното неделно попладне за Југославија. Тогаш умре доживотниот претседател на Југославија. Иако можеше да се очекува најлошото – сепак постоеше надеж. А тогаш соопштение од конзилиумот на лекарите: “И покрај преземањето на сите неопходни мерки… Јосип Броз Тито почина во 15,05 часот”.

Јосип Броз е роден во Кумровец, северозападна Хрватска, во регионот Загорје, што тогаш бил дел од Австро-Унгарија. Тој е седмото дете на Фрањо и Марија Броз (моминско име Јавершек).

Јосип Броз – Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz – Tito, Кумровец, 7 мај 1892 – Љубљана, 4 мај 1980) — југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.

Титовото владеење се потпирало на постојано јакнење на култот кон неговата личност, почнувајќи од времето на Втората светска војна, па сè до смртта во 1980 година. Изградбата и промоцијата на култот кон Титовата личност во периодот на неговото владеење одела во две насоки:

  1. Безмилосно справување со политичките и идеолошките противници, и
  2. Континуирана промоција на успесите и визионерството преку образованието и медиумската пропаганда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...