понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Русковска посочи дека поради пандемијата некои од истрагите се забавени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2020 16:55

Русковска: Нема сомнение дека Катица Јанева примила пари!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По завршување на денешното рочиште за случајот Рекет, обвинителката Вилма Рускоска рече дека сигурно е дека Јанева примала пари, и оти не е вистина дека обвинението се темели на исказ на еден сведок туку на докази, и материјални и од сведочење на  поранешни колеги на Катица Јанева.

Јавната обвинителка Вилма Рускоска која го води случајот рече дека не постои сомнение дека Јанева не земала пари додека била на функција…

– Предметите физички воопшто не се донесени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сите тие предмети се уште се наоѓаат во просториите на поранешното СЈО и по истите постапуваат колегите кои и претходно постапувале по истите. Од време на време доаѓаат да ми реферираат за постапките и во која фаза се, но сакам јавноста да знае дека истите обвинители постапуваат по тие предмети, изјави Русковска.

Русковска посочи дека поради пандемијата некои од истрагите се забавени.

– Нас судот, ако предметите и да се готови на пример, што не се, но да се готови било кој предмет кој не е притворски во судот не ни го примаат обвинението дури не заврши пандемијата, изјави Русковска.

Русковска пред судот рече дека факт е оти поранешната специјална обвинителка Јанева примила пари.

– Факт е дека поранешната колешка примила 50 илјади евра од Бојан Јовановски, што апсолутно не е дозволиво за ниту еден обвинител. Воопшто не битно дали тие потекнуваат од брачната двојка Камчеви или од некое други лице. Главно, примила пари што не е дозволиво по закон, изјави Русковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.