Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар во Скопје се изведе првата трансплантација на срце во Република Македонија, која заврши со позитивен исход!
Трансплантацијата која ја изведуваа тим од повеќе доктори заврши успешно, објави пред малку министерот за здравство, Венко Филипче!
Трансплатацијата успешна! ❤️ Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги, напиша Филипче!
Проф. Д-р Николиќ и д-р Димче Славески од Аџибадем Систина дел од тимот што ја изведуваа првата трансплантација на срце во земјава!
Професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“ ќе беа дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои ја правеа првата трансплантација на срце во земјава, која беше изведена ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.
Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област, впрочем е и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.
Првата трансплантација на срце во земјава ја работеа мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“!
Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата ,,Живот” !
Честитки Господа !!!“-емотивен статус на ФБ на д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.