Сите опции се отворени, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето дали се можни рестрикции за викендов.
Во сабота православните верници го слават празникот Задушница, а обичаите налагаат да се посетат гробиштата. Поради ова, министерот денеска посочи дека можно е воведување на полициски час но тоа ќе се одлучи во следните неколку дена .
Воедно денеска во Македонија беше достигнат најголемиот број на смртни случаи од Ковид-19, а регистрирани беа 89 случаи на заразени.
Во последните 24 часа се направени 727 тестирања.
– Скопје 35
– Куманово 12
– Штип 27
– Прилеп 1
– Тетово 7
– Гостивар 1
– Струмица 1
– Кочани 4
– Свети Николе 1
Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регистрирани во:
– Скопје 2
– Прилеп 12
– Велес 3
Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.