Тестот кој го направила пред три дена, како што дознава српски Блиц, е негативен исто како и оној на Вељко, кој исто така пред 10 дена беше позитивен на коронавирус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2020 10:16

Цеца повторно се тестирала на корона вирус- еве ги резултатите!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / M.M.

Откако беше потврдено дека пејачката Светлана Цецa Ражнатовиќ е позитивна на коронавирус, нејзините доктори и советувале таа повторно да се тестира, и да биде сигурна во тоа дека е заболена од Ковид 19.

Целото семејство Ражнатовиќ беше тестирано за коронавирус затоа што за време на прославата што ја организираа по повод раѓањето на синот на Веjко, Жељко, тие беа во контакт со водителка позитивна на вирусот корона. Според она што беше објавено од српските медиуми, водителката не знаела дека е заболена од коронавирус и се појавила на прославата на семејството по повод раѓањето на малиот Жељко

Тестот кој го направила пред три дена, како што дознава српски Блиц, е негативен исто како и оној на Вељко, кој исто така пред 10 дена беше позитивен на коронавирус.

Пејачката по прославата по повод раѓањето на нејзиниот внук Жељко, во својата вила во Дедиње организираше прослава со околу 200 гости, но утредента сите импресии стивнаа откако се дозна дека неколку од присутните биле позитивни на коронавирус. Пејачката најпрво направи серолошки тест земен од крв од вена кој покажал дека е негативна. Меѓутоа, таа после тоа направила и ПЦР тест, кој се прави така што се земаат брисеви од носот и грлото, кој покажал дека е позитивна.

Цеца на 15 јуни, повторно направила ПЦР тест, кој покажал дека сега е негативна на корона вирус.

Вчера на Инстагран мрежата, синот на пејачката, боксерот Вељко Ражнатовиќ објави дека не е позитивен на коронавирус. Тој исто така го повтори ПЦР тестот и неговиот наод го сподели со фановите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.