Се обврзуваме на зголемување на платите до 25% во еден мандат. Се обврзуваме на раст на пензиите до 20% во еден мандат. Се обврзуваме на правда и чесна работа. На 15 јули излезете и заокружете го бројот 14, листата предводена од Игор Дурловски, затоа што на Македонија и е потребна обнова, изјави вечерва од Демир Хисар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!
Ќе реновираме минимум 1000 километри локални и регионални патишта, за домовите нови фасади субвенционирани од владата со 50% за да се намалат трошоците за затоплување, минимум 640 милиони евра субвенции за земјоделците и загарантиран откуп, потенцираше Мицкоски!
Да ја исправиме Македонија гордо, доаѓаат подобри времиња! Доаѓа обнова, вели Мицкоски!
Бев во посета на повеќе домаќинства во преубавата Битола. Срдечни луѓе, со отворено срце. Битола заслужува многу повеќе. Јас нема да зборам за тоа што можеше, туку за тоа што ќе обновиме. А ќе изградиме многу, ќе направиме автопатско поврзување на Битола со Скопје.
Ќе направиме нов автопат до Велес со што Битола и Велес ќе се спојат со автопат. Но, воедно ќе работиме за повеќе пари за народот. Ќе ги намалиме даноците, ќе воведеме рамен данок од 8%, ќе ги ослободиме компаниите од данок кои ќе вработат млади луѓе, а Битола конечно ќе добие и современ фудбалски стадион. Изборот е помеѓу измамата на Заев и обнова. Народот и Битола ќе одбере обнова, рече Мицкоски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.