Петтемина најбогати американски милијардери - Џеф Безос, Бил Гејтс, Марк Закерберг, Ворен Бафет и Лери Елисон - го зголемиле своето богатство од март до јуни за вкупно 101 милијарди долари.

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2020 6:52

Познато е колку заработија милијардерите за време на корона кризата

Фото/Текст извор: ©канал 5

Коронавирусот (засега) е многу добар за американските милијардери.

За три месеци од почетокот на пандемијата, вкупното богатство на американските милијардери пораснало за 20% – до средината на јуни, според анализата на Institute for Policy Studies и здружението Americans for Tax Fairness.

Вкупното богатство на 643 американски милијардери се зголемило за овие три месеци, од 18 март до 17 јуни, од 2,9 трилиони на 3,5 трилиони долари или за 584 милијарди долари.

Исто така, во тој период во клубот на американски милијардери им се придружија уште 29 поранешни милионери. Американскиот институт што ја спроведе анализата користел податоци од „Форбс“, кои долги години прават евиденција за најбогатите луѓе на светот и промените во нивното богатство.

Во истите три месеци 45,5 милиони Американци ги загубија своите работни места и се пријавиле во бирото за вработување. Само во третата недела од април, дури 4,4 милиони Американци се регистрирале во агенцијата за невработени. Исто така, Institute for Policy Studies на својата веб-страница, повикувајќи се на податоци од Федералните резерви на САД, објави дека повеќе од 6,5 трилиони американски долари богатство на домаќинствата во САД исчезнало само во првите три месеци од оваа година.

“Ова е навистина најголемиот економски шок во САД и во светот во спомен на оние што се живи денес. Дојдовме од 50 години најниска стапка на невработеност на највисоко ниво за скоро 90 години и го направивме тоа за два месеци”, рече во јуни, претседателот на Федералните резерви Џером Х. Пауел.

“Оваа оргија од богатство покажува како нашиот систем е фундаментално лош. За три месеци, околу 600 милијардери го зголемија своето богатство за многу повеќе од износот на кој гувернерите велат дека нивните држави треба да продолжат да обезбедуваат услуги на своите 330 милиони жители. Ако оваа пандемија открива нешто, тогаш е колку нееднакво стана нашето општество и колку драстично треба да се промени “, коментира Френк Климент, директор на Americans for Tax Fairness.

Скокот на богатството кај милијардерите и профитот од пандемијата го поткопува единството и солидарноста на американскиот народ , што треба да се опорави и да расте заедно, отколку да се подели уште повеќе“, предупреди Чак Колинс, директор на програмата за нееднаквост во Institute for Policy Studies.

Петтемина најбогати американски милијардери – Џеф Безос, Бил Гејтс, Марк Закерберг, Ворен Бафет и Лери Елисон – го зголемиле своето богатство од март до јуни за вкупно 101 милијарди долари.

Во меѓувреме, најголемите петмина милијардери во САД се заменија малку – наместо Елисон, основач и главен за технологија на компанија за софтвер и технологија Оракл, на петтото место се искачи Илон Маск, државјанин на САД, Јужна Африка и Канада и основач и извршен директор компаниите за електрични автомобили „Тесла“ и

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.