Инаку мандатот на народниот правобранител трае 8 години, со право на рекандидирање за уште еден мандат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2020 15:24

Насер Зибери ќе биде нов народен правобранител?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ТВ21 неофицијално дознава дека Насер Зибери ќе биде назначен за народен правобранител ма РСМ. Официјална потврда од Зибери сè уште нема но извори на ТВ21 велат дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември 2020.

Според Уставот народен правобранител се бира од Собранието со 8 годишен мандат. ДУИ во предизборната кампања го претстави Насер Зибери како кандидат за иден премиер на земјава. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес конференција по состанокот на партискиот совет на 19 август, на прашањето што ќе биде со Насер Зибери, изјави:

„Вие сите знаете дека г. Зибери е нотар и ја продолжува својата дејност како нотар до моментот кога ќе се договориме за одредена важна одговорност која се однесува на неговата професија“ велат извори за ТВ21.

Инаку мандатот на народниот правобранител трае 8 години, со право на рекандидирање за уште еден мандат.

Актуелниот народен правобранител Иџет Мемети на оваа позиција дојде во 2004, а во 2012 мандатот му беше продолжен за уште 8 години.

Инаку Насер Зибери е македонски правник и политичар. Завршил Правен факултет. Зибери работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“. Во 1990-тите се вклучил во политиката, станувајќи Претседател на огранокот на ПДП во Општина Карпош. Во периодот од 1994 до 1998 година бил Генерален секретар на ПДП.

На Парламентарните избори од 1990 и Парламентарните избори од 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП. Како пратеник бил член на Претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието на Република Македонија, Претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонијаза соработка со парламентите на Кралство Норвешка, Република Финска, Кралство Шведска, Кралство Данска и Република Исланд.

Во периодот од 28 февруари 1996 до 30 ноември 1998 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија и потпретседател на Владата на Република Македонија. На Парламентарните избори од 1998 година повторно бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.

По повлекувањето од политичката сцена, Зибери работи како нотар.

На парламентарните избори годинава, Зибери беше кандидиран за кандидат за премиер од политичката партија ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести