Аргентинецот минатата недела го извести клубот дека сака да си замине, но Барселона изјави дека не преговараат со ниту еден клуб за трансферот.

Објавил: Владо Марин | 31 август, 2020 13:23

Меси губи десетици илјади евра на ден: Барселона му одзема од платата за секој ден што не се појавува на тренинг

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лионел Меси не се појави на неодамнешното тестирање на тимот за вирусот корона, поради што се шпекулира дека наскоро ќе го напушти Камп Ноу.

Аргентинецот минатата недела го извести клубот дека сака да си замине, но Барселона изјави дека не преговараат со ниту еден клуб за трансферот.

Меси се осврна на договорот што му дозволува да го напушти клубот бесплатно на крајот на сезоната, но управата тврди дека клаузулата е истечена!

Сепак, клубот одлучи да ги намали неговите приходи за сезоната 2020/21 за секој ден што не се појавува, а таа казна, како што известуваат некои медиуми, е 110.000 евра на ден, со оглед на тоа дека тој се уште е договорно обврзан со каталонскиот клуб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...