Ќерката на Ѓорѓи и Шенка, професорката Катерина Колозова, денес се огласи на својот профил на социјалните мрежи и сподели непријатна случка!

Објавил: Владо Марин | 13 октомври, 2020 17:36

Ова е убавата Катерина, ќерката на Ѓорги и Шенка Колозови: Наскоро се навршуваат 17 години од смртта на познатиот македонски актер!

Фото/Текст извор: ©galama

Многумина го нарекуваат последниот цар на Македонија, а тоа е Ѓорѓи Колозов еден од најпознатите глумци во нашата држава. Најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ.

Од овој свет си замина релативно млад, на само 55 годишна возраст, точно пред 17 години, на 13 октомври во 2003 година.

Пред три години и неговата сопруга Шенка Колозова рече – доста е и го затвори актерското поглавје во својот живот. Во едно од неодамнешните интервјуа таа кажа:

-Што да кажам јас за пандемијата? Немам право да зборувам за тоа. Јас сум пензионерка, мене вирусот не ми го смени многу животот. Што да кажат оние што одат на работа или уште повеќе оние што ја изгубиле работата?

Што да кажат оние кои мора да се прилагодат и да работат од дома? Оние што имаат мали деца и што се загрижени како ќе тече новата учебна година? И како ќе ги прилагодат своите обврски и обврските на децата? – вели Шенка од својата велестовска оаза на мирот.

Во амбиентот на оваа традиционална куќа, варосана бело и со дрвени греди, баш некако природно недостига насмеаниот лик на Ѓорѓи Колозов, кој со години го гледавме во вакви идилични пејсажи во „Македонските народни приказни“. Природно се наметнува прашањето како и колку недостасува Колозов.

-Јас размислувам поинаку. На тој што е жив, ништо не му недостасува, на тој што го нема – му недостасува сè, му недостасуваат живите, му недостасуваат децата, внуците, радостите на животот.

Мене ми е драго што тој и недостасува на Македонија. Не се случило да излезам негде, а да не ме запрат непознати луѓе и да не го спомнат Ѓорѓи. И секој муабет завршува со зборовите „како него – нема друг“.

Ќерките ми кажуваат дека некаде на социјалните мрежи, кога беше промовиран Мостот на уметниците пред Археолошкиот музеј имало прашање зошто меѓу поставените споменици нема и споменик на Колозов. Во коментарите некој запишал: Нему не му треба споменик, Колозов е жив.

На една од неколкуте фејсбук страни, Ѓорги Колозов, во спомен на денот кога не напушти, споделена е една анегдота во која што се вели:

„На плажа во Охрид…Шенка: Катерина каде е татко ти?!Катерина: Ене таму кајшто мислиш дека некој се дави, таму е татко ми!!!

Ѓорѓи поминувал покрај езеро и сите се насобрале околу живата легенда, да го видат, да го распрашаат за снимањата, за приказните…толкава толпа на луѓе што мислиш дека некој се дави, а овие помагаат…ете толку беше, е и ќе биде омилен царот меѓу народот!

Ќерката на Ѓорѓи и Шенка, професорката Катерина Колозова, денес се огласи на својот профил на социјалните мрежи и сподели непријатна случка:

„Пак ми доаѓале полицајци на врата да проверуваат „кој живее“. И ја испитувале ќерка ми дали има лична карта, со кој живее, кај е возрасниот. И си отишла?

Како може без повод да влегуваат и да се распрашуваат онака бтв? И знам што е, адресата во лична – нема никој да ме тера на која адреса да се пријавам. На двете живеам, паралелно, пола недела таму пола недела ваму. Ок?

Каков е бре ова упад по домови? Фала ви, уште една сторија за истражувањето „администрацијата и почитта кон основните човекови права и достоинството на граѓанинот.“ Полициска држава – дур во оваа смисла не се одзароби, ние остануваме полуд иктатура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.