Од 5 октомври беше воведена забрана за живи свирки во кафулиња и ресторани, а на една маса дозволено е да седат најмногу 4 лица!

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 22:46

АМДИ БАЈРАМ ПРАВИ СВАДБА ЗА ВНУКАТА ВО ИСТАНБУЛ СО 200 ГОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА!

Фото/Текст извор: ©sdk

Поранешниот пратеник Амди Бајрам вечерва прави свадба за внуката Перихан во Истанбул. Свадбата се случува на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија, објави СДК!

Во земјава, поради коронавирусот забрането е организирање свадби, па поради тоа Амди Бајрам решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема ваква забрана. Видеа од свадбата на ќерка си на својот Фејсбук профил постави синот на Бајрам, Габриел.
 
Поранешниот пратеник изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат прославата дома, но гостите ги однел во Истанбул!

Пред една недела откако во јавноста се појави поканата за свадбата закажана за 11 октомври, поранешниот пратеник изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат прославата.

Министерот Венко Филипче постојано потенцира дека бројките на позитивни од ковид-19 растат токму поради семејни собири, прослави, свадби и концерти во кафулиња. Свадбите се забранети уште од почетокот на пандемијата во март.
 
Од 5 октомври беше воведена забрана за живи свирки во кафулиња и ресторани, а на една маса дозволено е да седат најмногу 4 лица.

Денеска во земјава се регистирани 594 нови случаи на ковид-19, што е најголема бројка  од почеток на пандемијата. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.

Во Турција според последните податоци од сабота беа регистрирани 1.700 нови позитивни на ковид-19, а бројот на активни случаи е 34.000.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.