УНИЦЕФ предупреди дека недостапноста на основната хигиена како што е миењето на рацете за милиони луѓе значи зголемен ризик од инфекција со корона со вирусот и други болести.

Објавил: Перо Милчин | 18 октомври, 2020 16:28

СТРАШНИ ПОДАТОЦИ: Три милијарди луѓе во светот немаат услови да ги измијат рацете- Зголемен ризик и од други болести

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Најновите податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека околу три милијарди луѓе или 40 проценти од светската популација немаат услови да одржуваат основно миење на рацете дома.

УНИЦЕФ предупреди дека недостапноста на основната хигиена како што е миењето на рацете за милиони луѓе значи зголемен ризик од инфекција со корона вирусот и други болести.

Според извештајот на УНИЦЕФ објавен по повод Светскиот ден на миењето на рацете, во најмалку развиените земји, скоро три четвртини од населението не може да ги мие рацете дома.

Околу 43 проценти од училиштата на кои учествуваат 818 милиони ученици немаат можност да ги мијат рацете со вода и сапун, а во најсиромашните земји процентот на училишта без место за миење раце се зголемува на дури 70 проценти, пренесува UN News.

Извршната директорка на УНИЦЕФ за вода и хигиена, Кели Ен Нилор истакна дека пандемијата на вирусот корона укажа на клучната улога на хигиената на рацете во превенцијата на болестите и оцени како неприфатливо дека најранливите заедници не се во можност да ги користат наједноставните методи за заштита на животот.

Затоа УНИЦЕФ, заедно со Светската здравствена организација (СЗО), ја започна иницијативата „Хигиена на рацете за сите“, со цел да се подобри пристапот до места за миење раце, вода, сапун и средства за дезинфекција во сите средини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...