Потребно е да се преземат решителни чекори за решавање на проблемот со големите долгови на некои земји изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, и ги повика доверителите и должниците под итно да почнат разговори за реструктуирање на долгот.
-Купуваме малку време, но мора да се соочиме со реалноста дека е потребна многу порешителна акција, рече Георгиева на состанокот на Групата 30 поранешни политичари и економски експерти.
Таа посочи дека да се стори премалку и предоцна, исто така, ги чини и должниците, но и доверителите, и предупреди дека во 2021 година глобалниот долг ќе достигне 100 проценти од БДП.
Британските медиуми анализираат дека изјавата на Георгиева доаѓа во време на зголемена загриженост за драстичниот скок на нивото на долг, особено во неразвиените земји и земјите со среден приход, кои се сериозно погодени од епидемијата на коронавирусот, намалувајќи ги приходите од туризам и, во некои случаи, и пониските цени на нафтата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.