Зад камерите е мајка е на Матеј кој има веќе 22 години и љубов на Михаил Китаноски со кого е во врска осум години. Со Тања има муабети за повеќе од едно интервју, а во ова ја откриваме и нејзината помалку позната страна, приватната.

Објавил: admin@magazin | 25 октомври, 2020 19:19

Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 во неформален брак: Интервју со Татјана Стојановска

Фото/Текст извор: ©женски магазин

Секогаш средена, елегантна, жена која држи до себе и ја негува правилната дикција пред ТВ камерите, тоа се нештата по кои ја препознаваме Татјана Стојановска. Повозрасните ја паметат и како Мис на Македонија за 1992 година и успешен модел, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало од тогаш.

Зад камерите е мајка е на Матеј кој има веќе 22 години и љубов на Михаил Китаноски со кого е во врска осум години. Со Тања има муабети за повеќе од едно интервју, а во ова ја откриваме и нејзината помалку позната страна, приватната.

*Го паметиш ли првото појавување на Тв екраните, чувствата, тремата и очекувањата од тој момент?

– Секако дека го паметам, како што се памети и првиот школски ден. Моето прво професионално телевизиско појавување беше 1992 година како презентер на најава на програма во МТВ, што беше дел од обуката за младите идни водители и презентери во тоа време во Македонска телевизија. Покрај обуката што ја имавме за читање, вежбање на дикцијата, интонацијата, правоговорот, однесување пред камера, и појавувањето во живо беше дел од таа обука. Најавата на програма беше еден вид “расадник” на нови ликови кои потоа го најдовме патот во професијата. Секако дека тремата беше составен дел од првиот настап, но сето тоа со секој нареден настап се надминуваше и се учев како да ја амортизирам и да ја надвладеам тремата

*Во јавноста прво стана популарна како Мис на Македонија во 1992 година, какви спомени носиш од тоа време?

– Секако дека тоа е еден од важнитe, но јас би рекла и судбинските моменти во мојот живот. Тој настап и титулата на некој начин ми го трасираа патот во професијата. Иако не бев свесна во тој момент за тоа, но ете на некој начин моето појавување во телевизиско интервју во МТВ по повод изборот на Мис и добивањето на титулата Мис на Македонија за 1992 беше пресуден за да ја добијам понудата за хонорарен работник во МТВ. Почнав во најава за програма, потоа водител во утринската на МТВ, „Добро утро Македонијо“, а по три години и понуда за презентер на вести, што во тој момент можеби и не мислев дека ќе ми биде професија цели 28 години до ден денеска. Затоа велам, се се случуваше без некој мој план, но судбински се случуваат некои работи во животот, па така и ова беше сплет на околности. Дипломирав на Економскиот факултет и секако паралелно студирајќи и работејќи во телевизија, секогаш мислев дека тоа е една привремена моја професија и дека еден ден ќе работам како економист во банка затоа што завршив на смерот банкарство и финансии, но ете “магијата” на телевизијата надвладеа и останав во оваа професија. Изборот за Мис секако ми е еден убав спомен, на кој кога се сеќавам денеска и малку ми се подзаборавени некои моменти. Неодамна ја гледав снимката од изборот и се потсетив на тој 6 јули 1992 година. Секако убаво е чувството.

*Зошто не прододолжи да се знимаваш со манекенство?

-После изборот како Мис на Македонија учествував на неколку ревии кои се организираа од страна на модното студио во кое членував. Се направија и неколку поголеми модни ревии во соработка и со други модни студија во тоа време за неколку модни куќи и текстилни фабрики кои беа гиганти во земјава. Учествував и на модните ревии на саемот за мода „Модест“. Имаше модна сцена во тоа време, многу поразвиена од сега за жал. Но паралелно со тоа започнав и со обуката во МТВ се запишав и на факултет во 1993 и мораше да се определам или за манекенството или за телевизискиот ангажман, паралелно со студиите. Ја одбрав телевизиската работа секако. Со манекенството се занимавав само година ипол и тоа беше исто така добро искуство и спомен.

*Секогаш без исклучок внимаваш на изгледот во јавноста, има ли моменти кога излегуваш во полежерно издание, без шминка, те препознаваат ли на улица и тогаш?

-Секако дека излегувам и без шминка и во полежерна облека, а сега и со маска поради протоколите за заштита од корона вирусот. И да, ме препознаваат луѓето и така и со маска, а особено по гласот.  Поради тоа што работата ми е поврзана комплетна  подготовка за пред камера , секако дека кога не морам гледам да го одморам лицето од шминка и не се шминкам за секојдневно излегување. Како и секоја жена гледам да бидам коректна во изгледот и да држам до тоа да бидам уредна секако. Но на секој му треба момент на опуштање и полежерен изглед кога тоа го дозволува местото и приликата. 

*Како изгледа еден твој обичен работен денес во време на пандемијата?

-Поради новонастанатата ситуација со пандемијата сите социјални дружби и посети се сведени на минимум. На работното место цело време сме со маски  и плус држиме растојание. Нови правила на однесување ни наметна ситуацијата и строго ги почитувам. Секако поради видот на работата цело време сум со физичко присуство во телевизија на моето работно место. Но ете досега фала богу добро се справувам, како ќе биде натаму ќе видиме. Работниот ден ми почнува во 14 часот, пред тоа секако домашни обврски и подготовка на изгледот за пред камера. Поради пандемијата сама се подготвувам од фризура и шминка, гардероба. Ретко посетувам фризер само за неопходни работи кои не можам сама да ги направам. Среќа сум вешта  во шминкање и можам и сама да се исфенирам па тоа ми ја олеснува подготовката за на екран.

За љубовниот живот малку зборуваш, познато е дека си во долга врска со Михаил Китановски. Можеш ли на кратко да ни раскажеш како се запознавте?

Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење. Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели? 

*Што е она што најмногу ве врзува, кои сенеговите највредни особини?

– Она што нас не поврза е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата. Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне. Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што не спојува.

 

*Колку години има твојот син Матеј, со што се занимава?

-Матеј има 22 години и секако со свои обврски, студии, работа дружба со своите врсници, живот како и секој млад човек на таа возраст. 

*Има ли нешто во животот за што се каеш што си направила, и нешто за што ти е жал што не си направила? 

-Јас сум човек кој долго размислува и анализира пред секоја одлука, а кога ќе ја донесе одлуката која е веќе созреана, потоа не се кае за истата одлука. Мислам дека сѐ што сум направила во животот сум направила како што сум мислела во моментот и не се каам за ништо. Не жалам за пропуштените можности затоа што сами си одбираме и донесените одлуки во тие моменти се такви какви што сме мислеле дека се најдобри.

* Што не знаееме за Татјана, која е твојат слабост, се плашиш ли од нешто, особина која не ја сакаш кај себеси? 

-Секој има своја “ахилова пета”. Слабост или “доблест” ми е грижата за животната средина и се згрозувам од немањето  еколошка свест, некултурата и неодговорното однесување на поединци кон заштитата на животната средина.  Гледам да не се вознемирувам за ваквите појави но тоа е појако од мене. Сум имала неколкупати и непријатни коментари кога сум им укажала на поединци за нивното несовесно однесување, загадување, фрлање отпад на јавни површини. Не се плашам од ништо, што треба да дојде нека дојде во животот. А можеби особина, која не дека не ја сакам кај себе , туку сметам дека не секој ја прифаќа, е тоа што сакам да ја кажам секому вистината во очи и да ја докажам правдата, но понекогаш човек нешто мора и да премолчи за да балансира во животот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...