Тој ден јас станав Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и со Вице Заев случајно бевме во ист хотел во Банско.

Објавил: Перо Милчин | 26 октомври, 2020 5:41

(ФОТО)Митко Јанчев и Вице Заев кројат заеднички бизниси во Банско?

Фото/Текст извор: ©Во центар/Магазин.мк

Со Вице Заев немаме заеднички бизниси, вели Митко Јанчев во емисијата Во Центар со Васко Ефтов. Таа фотографија која се врти по социјалните мрежи, каде сум јас на иста маса со Вице Заев и неговите пријатели е настаната сосема случајно, вели тој.

Тој ден јас станав Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и со Вице Заев случајно бевме во ист хотел во Банско.

Ги почастив една пијачка и таа фотографија потоа беше објавена на фејсбук.

Од таму се сите приказни. Тоа е 2018 година или еден месец по конгресот во Валандово кога Христијан Мицкоски стана лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Ова е дел од интервјуто на Митко Јанчев за емисијата Во Центар која се емиситува на youtube Vasko каналот Eftov.

Градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев во емисијата „Во центар“ изјави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО ДПМНЕ кога претседател ќе се бира на непосредни избори, бидејќи партијата оди во погрешен правец и бележи само порази на политичката сцена.

Ќе се кандидирам за лидер на ВМРО ДПМНЕ на непосредни избори кога целото членство на партијата ќе биде во состојба демократски да гласа и да го избере новиот лидер. Мене не ми се потребни конгреси во Валандово, јас сакам целото членство да може да каже дали ја заслужувам довербата да дојдам на чело на партијата. Не го разбирам Христијан Мицкоски, вели Јанчев, не треба некој да те брка од партијата, треба да го исполниш тоа што си го ветил. Ако си кажал дека по пораз на изборите ќе се повлечеш од лидерската позиција тогаш секое ветување треба да се исполни, вели Јанчев.

На прашањето дали постои договор меѓу него и Зоран Заев, Заев да остане на чело на владата до 2024 година, а потоа на премиерската функција да го замени Јанчев, тој одговара дека нема таков договор.

-Мојата намера е да се кандидирам за уште еден градоначалнички мандат во Кавадарци и кога ќе се создадат демократски услови да се кандидирам на непосредни избори за лидер на партијата, вели Јанчев.

Повеќе може да погледнете на следниот линк:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.