Во последните 24 часа примени се 35 нови пациенти, а биле отпуштени само деветмина!

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 ноември, 2020 16:32

Во болниците во Скопје се лекуваат 474 пациенти, голем дел се на кислородна поддршка

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вкупно 474 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во Скопје, а голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа примени се 35 нови пациенти, а биле отпуштени само деветмина.

Здравствените власти уверуваат дека има слободни кревети, а ќе се ослободат и дополнителни со денешните исписи на оздравени пациенти.

Според состојбата од утрово, најмногу пациенти во Скопје се хоспитализирани на Инфективната клиника – 159. Во Градската општа болница „8 Септември“ има 108 болни, а во Детската болница во Козле 30 од кои 9 се деца, а 21 возрасен.

Кога се во прашање интерните клиники каде се отворија ковид-одделенија состојбата е следна: на Кожната клиника се лекуваат 24 пациенти; на Клиниката за неврологија 37; во Институтот за ТБЦ 54; на Клиниката за гастроентерохепатологија 26 лица; на Клиниката за нефрологија 24; а на Клиниката за очни болести има 12 пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...