Интервјуто на македонскиот премиер и срам за државата Зоран Заев, дадено за БГНЕС, предизвика револт кај многу македонци! Тој рече дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кои се бореа за слободата на Македонија и за Одринско!
– Наследивме време кое не беше во прилог на пријателството меѓу нас, а Југославија не подели. Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да ја градиме иднината, вели Заев.
Македонската јавност е информирана за целото интервју на Зоран Заев кое предизвика бурни реакции во Македонија и надвор од неа!
На социјалните мрежи голем број граѓани, политичари, активисти и спортисти искажаа голем револт кон премиерот велејќи дека е предавник на македонската историја, нација и јазик!
Македонскиот активист Васко Белески исто така на социјалните мрежи излезе со реакција велејќи дека Гоце Делчев е Македонец, а Бугарија била фашистичка држава и окупатор на Македонија, а нејзината војска извршувала геноцид врз Македонскиот народ!
Тој напомена дека нашиот идентитет нема цена, а предавниците на македонската историја кога тогаш ќе одговараат за велепредавство на сопствениот народ!
Овој изрод го прогласувам за луд, најдобро е некој од неговите да му каже и да се погрижат да биде однесен таму каде што припаѓа. Македонскиот народ дефинитивно не заслужува вакво дно од човек.
Бугарија била фашистичка држава и окупатор на Македонија, нејзината војска извршувала геноцид врз Македонскиот народ, и тоа не е АДМИНИСТРАЦИЈА, Гоце Делчев е МАКЕДОНЕЦ.
Нашиот ИДЕНТИТЕТ нема ЦЕНА, ТОЧКА.
А лудиов ќе мора да одговара, кога тогаш, само така македонските јунаци кои го дадоа својот живот за Македонија ќе може да почиваат во мир.
Тој исто така во синоќешната емсија на ТВ Алфа, изјави дека Македонскот здравство мора веднаш да се обнови, правејќи еден протокол по кој сите здравствени работници ке мора да работат.
Велески на Тв Алфа изјави дека ова што и се случува на Македонија е срамно, велејќи дека некомпетентни лица се поставени на функции кои не ги заслужуваат работните места или не се соодветни за нивните функции!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.