Закрепнување на домашната економија се очекува во 2022 година. Овие проекции на Централната банка се совпаѓаат со проекциите на меѓународните финансиски институции.

Објавил: Перо Милчин | 7 декември, 2020 15:42

Македонска економија и официјално во рецесија

Фото/Текст извор: ©denar

Македонската економија ќе ја заврши годината со пад на БДП од 4,9 проценти. По продолженото влијание на пандемијата со Ковид -19, Народната банка ја ревидираше проекцијата, па ако во април проектираше дека домашната економија ќе биде во негатива од 3,5 проценти, сега прогнозите се попесимистички, падот ќе биде поголем за 1,4 процентни поени, или ќе изнесува 4,9 проценти.

Закрепнување на домашната економија се очекува во 2022 година. Овие проекции на Централната банка се совпаѓаат со проекциите на меѓународните финансиски институции.

Гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, рече дека главните причини за надоланата корекција на БДП се што закрепнувањето кое се очекуваше во втората половина на годинава не се случи, поради вториот бран на пандемијата со корона вирусот.

За разлика од априлските проекции, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на Ковид -19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година.

Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мера се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, рече Бежоска.

Според неа, најновите проекции упатуваат на пад на економската активност од 4,9 отсто годинава, и постепено закрепнување со интензитет од 3,9 отсто и 3,6 проценти во следните две години.

Правиме надолна ревизја на проекциите за развој на домашната економија во целиот  период на проекции. Во 2020 проектираме пад на економската активност од 4,9 проценти наспроти пад од 3,5 проценти во април и априлскиот циклус на проекции во услови на послаби остварувања во првата половина од оваа година и оценки за поспоро закрепнување во втората половина, имајќи ги во предвид вториот бран на пандемијата. На среден рок предвидуваме постепено, но доумерено закрепнување на економската активност со стапки на раст од 3,9 проценти, 3,6 проценти и 4 проценти во 2021, 2022 и 2023 година соодветно. Оваа стапка на раст значи дека економијата би се вратила на преткризно ниво во текот на 2022 година“, рече Гувернерката.

Пад ќе има во сите сегменти на БДП, освен во јавната потрошувачка. Најголем пад ќе има кај бруто инвестициите од 12,8 проценти, личната потрошувачка се проектира со пад од четири проценти, а извозот од 11,7 проценти.

Јавниот долг според Народната банка се очекува годинава да биде околу 60 проценти од БДП, а до година да се зголеми за дополнителни 1 до 2 процентни поени.

Макроекономските проекции на Народната банка во однос на фискалната политика ги вградуваат најновите расположиви информации, според коишто оваа година буџетскиот дефицит би се позиционирал некаде на околу 8,5% од БДП, а потоа би дошло до постепена фискална консолидација. Притоа, напоменуваме дека буџетот за 2021 година сѐ уште не е усвоен, а новата фискална стратегија исто така сѐ уште не е донесена. Оттука, не располагаме со попрецизни податоци, но според наши оцени, финансирањето на дефицитот би било комбинирано и од домашни и од надворешни извори. Дополнително, проекциите претпоставуваат и интензивирање на јавните инфраструктурни проекти, што значи и дополнително надворешно задолжување на јавните претпријатија, а ефект врз јавниот долг ќе има и најавата за користење на средства од новата кредитна линија на Развојната банка. Со вака вградените претпоставки, според прелиминарните оцени, а имајќи ги предвид и отплатите коишто достасуваат во последниот квартал, оваа година очекуваме јавниот долг да биде околу 60%, а наредната година да се зголеми за 1 до 2 процентни поени. Ова е очекувано со оглед на потребната контрациклична фискална политика, но она што е важно буџетските расходи да се целно насочени кон поддршка на растот и потенцијалот на економијата. На таков начин ќе се овозможи и побрзо стабилизирање на нивото на јавниот долг на среден рок“, дополнителноо објаснија од Народната банка.

Инфлацијата и понатаму останува ниска и стабилна, иако повисока во однос на априлските оцени. Во просек, во 2020 година се очекува инфлација од 1,1 отсто, што е над априлските оцени од околу 0 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...