Турскиот институт за статистика објави дека населението во Турција се зголемило за 459.369 лица минатата година во споредба со претходната година.
Бројот на жители во Турција на крајот на 2020 година надмина 83,6 милиони, што е зголемување за 0,55 проценти на годишно ниво, објави агенцијата Анадолија.
Според објавените податоци во четвртокот, во Турција има 41.915.985 мажи и 41.698.377 жени, или 50,1 процент мажи и 49,9 проценти жени.
Според Административниот систем за регистрирање на населени места во Турција, населението во земјата во 2011 година изнесуваше 74,7 милиони луѓе, од кои речиси три четвртини живееле во градовите.
Според проценката за 2011 година, населението се зголемува за 1,35 проценти секоја година.
Турција има просечна густина на население од 97 луѓе на км2. Луѓето во групата од 15 до 64 години претставуваат 67,4 проценти од вкупното население; возрасната група од 0-14 одговара на 25,3 проценти; додека постарите граѓани на возраст од 65 години или повеќе сочинуваат 7,3 проценти.
Во 1927 година, кога првиот официјален попис бил регистриран во Република Турција, населението било 13,6 милиони.
Најголемиот град во Турција, Истанбул, е исто така најголемиот град во Европа по население, и трет по големина град во Европа во однос на големината!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.