Ексклузивниот ресторан Камник е популарен по дивечот кој го имаат на менито, како што е гулаш од срна, колбаси од мечка а и добри вина од нивната приватна винарија.

Објавил: admin@magazin | 14 февруари, 2021 13:42

ФОТО: Гулаш од срна или колбаси од мечка. Што ќе јадат Заев и Вучиќ во Камник?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк/фото:Канал 5

По примопредавањето на вакцините на граничниот премин Табановце Зоран Заев и Александар Вучиќ отидоа да ручаат во ресторанот Камник.

Ексклузивниот ресторан Камник е популарен по дивечот кој го имаат на менито, како што е гулаш од срна, колбаси од мечка а и добри вина од нивната приватна винарија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му го предаде на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на таа земја.

Двајцата се сретнаа во 10 часот на преминот Табановце по силната снежна бура, каде што најпрво се поздравија и се прегрнаа, а Вучиќ ја предаде донацијата од 4.688 вакцини Фајзер кој истакна дека овај добар гест е за македонските браќа!

Донесовме 4.688 вакцини, тоа е во прва фаза. Мислам дека тоа е добра вест за нашите браќа, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека компанијата „Фајзер“ побара вакцините да бидат предадени според сите процедури.Ова е половина од претходно договорените околу 8.000 дози што Србија ќе и ги обезбеди на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.