За многу години!

Објавил: admin@magazin | 16 април, 2021 6:53

Денеска се празнува Свети Никита Исповедник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е 3 април (по стар стил) и се слави Св. Никита Исповедник.

Роден е во Витинија, во градот Кесарија. Неговиот татко, Филарет, штом се лиши од својата сопруга се замонаши и Никита остана кај баба му, мајката на татко му.

Откако порасна и заврши со изучувањето на науките појде во Мидикискиот манастир, каде што игуменот Никифор го потстрижа за монах, а по седум години подвиг патријархот Тарасиј го ракоположи за јеромонах.

По смртта на Никифор и на Никитиниот верен другар Атанасиј, братството го избра Никита за игумен, а тој тоа го прими наспроти својата волја.

Свети Никита им беше светол пример за живот и подвиг на браќата цела низа години. Но кога се зацари царот Лав V Ерменин, после благочестивата Ирина и правоверните цареви Никифор и Михаил, иконоборната ерес повторно се распали. Царот го симна патријархот Никифор и го испрати во прогонство, а на негово место го воздигна еретикот Теодот Каситер, човек со нечист живот.

Беше затворен и мачен и Никита, но тој не се поколеба во Православието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...