Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерот на Шведска Стефан Левен на кој се разговараше за теми од заеднички интерес на двете земји.
Премиерот Заев го запозна премиерот Левен со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и мерките за справувањето со пандемијата и процесот на вакцинација.
Претседателот на Владата Заев се заблагодари за поддршката на Кралството Шведска за Република Македонија на нејзиниот европски пат, како и за одличните билатерални односи меѓу двете земји.
Во однос на блокадата од страна на Бугарија, премиерот Заев го информираше својот шведски колега дека е во исчекување на формирање на новата бугарска влада, со цел да продолжи дијалогот и дека решенијата за отворените прашања ќе се најдат во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство, кој е основа и за поинтензивна соработка меѓу двете земји.
Премиерот Заев го покани премиерот Стефан Левен да ја посети Републикa Македонија во прва можна прилика, со цел понатамошно продлабочување на соработката, пред сѐ во економијата, инвестициите, животната средина и здравството.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.