Денес претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со поинтензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа од утре следува период на претежно стабилно, суво, сончево и значитеолно потопло време, повремено со умерена облачност. Локално и повремено ќе има нешто повеќе облачност а услови за слаб локален дожд ќе има во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела. Температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат и над 30 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.