Убедливо најмногу кандидати за градоначалници на локалните избори на 17 октомври се пријавиле за Скопје – 12.

Објавил: Перо Милчин | 13 септември, 2021 5:30

ДИК ја објави листата со пријавени кандидати за градоначалници: Најмногу има во Скопје – 12, по седум во Центар, Струга и во Тетово

Фото/Текст извор: ©360

Листата што ја сумираше ДИК е врз основа на податоците добиени од општинските изборни комисии и изборната комисија на градот Скопје. Вкупно за овие локални избори се пријавиле 297 кандидати за градоначалници, предложени од коалиции, партии и од група избирачи, кандидатурите се во обработка!

Убедливо најмногу кандидати за градоначалници на локалните избори на 17 октомври се пријавиле за Скопје – 12.

Од листите на пријавени на кандидати во општинските изборни комисии што вечерва ги испрати ДИК (без имиња, туку само со подносителите на кандидатурите), голем број кандидати за градоначалничката позиција ќе има и во Струга и Тетово – по седум.

За Скопје, свои кандидати пријавиле коалициите што ги предвидат СДСМ, ЛДП-ДОМ, Левица, Интегра, Твоја партија, Бошњачки демократски сојуз, ТМРО, Демократи, работници и независни, како и две листи на група избирачи – Данела Арсовска, која ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Ана Петровска со поддршка од Зелен град.

Во скопските општини, најмногу – седум пријавени кандидати има во Центар: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП-ДОМ, Левица, Твоја партија, Родина за Македонија, Демократи, работници и независни).

По шест пријавени кандидати има и во Ѓорче Петров (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП-ДОМ, Левица, ТМОРО, Демократи, работници и независни), Карпош (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Македонска ера трета, Левица и ГРОМ), Кисела Вода (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДО-ДОМ, Левица, ТМРО, Интегра) и Шуто Оризари (СДСМ, Коалиција ЛДП- ДОМ, Коалиција Ром-Ромеске ДСР-НПР, Левица, ДПА и ДУИ).

За Аеродром и Чаир пријавени се по пет кандидати. Во Аеродром коалицијата што ја предводи СДСМ, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата на ЛДП и ДОМ, како и партиите Левица и ТМРО, а во Чаир ДУИ, БЕСА, ДНЕТ ДПА и Алијанса и Алтернатива.

 Во Сарај и Гази Баба има четири пријавени кандидати (Сарај ДУИ, ДПА, БЕСА и Алијанса и Алтернатива и Гази Баба СДСМ; ВМРО-ДПМНЕ, Интегра и ТМОРО) и во Бутел само двајца – од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

За Струга пријавени се седум кандидати за градоначалничката функција, предложени од: СДСМ, Алијанса и Алтернатива, ТМРО, ДУИ, БЕСА, ДПА Демократи, работници и независни.

Ист број кандидати има и за Тетово, од: СДСМ, Алијанса и Алтернатива, ДПА, БЕСА, ДУИ, Интегра, Движење за држава и правда.  

Во Битола има шест пријавени кандидати: СДСМ; ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП-ДОМ, Македонска ера трета, Демократи, работници и независни, и група избирачи Зоран Лазаревски-Паљото, во Куманово и Прилеп  по 5 (Куманово – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП-ДОМ, Алијанса и Алтернатива и група избирачи Максим Димитриевски, и Прилеп – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП-ДОМ, Интегра и Група избрачи Жарко Стефаноски) и Гостивар со четири кандидати (БЕСА, ДУИ, ДПА и Алијанса и Алтернатива) и Охрид со три: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ТМОРО.

Во 25 општини има пријавено само по двајца кандидати, како во Босилово, Валандово, Пробиштип, Пласница, Центар Жупа, Бутел…

Вкупно за овие локални избори се пријавиле 297 кандидати за градоначалници предложени од коалиции, партии и од група избирачи.

Податоците за листи на кандидати за членови на советите се во обработка. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.