За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 ден, но не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето.

Објавил: Перо Милчин | 17 септември, 2021 7:18

Нови Ковид-19 правила за влез во Швајцарија, Белгија и Австрија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за надворешни работи информира дека Швајцарија, Белгија и Австрија имаат нови КОВИД-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји.

Нашите граѓани може слободно да патуваат во Швајцарија, но само со потврда за примени две дози од вакцина и пополнет онлајн формулар, додека за тие што патуваат во Белгија и Австрија е задолжителен карантин, освен ако се пориложи доказ за извршена целосна вакцинација или за прележаност на болеста.

За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина (Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување на негативен тест (ПЦР или Антиген), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 ден, но не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето.

Доколку лицето ги исполнува услови за влез во Швајцарската Конфедерација, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на швајцарската Федерална канцеларија за јавно здравје на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula.

Белгиската Влада воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од т.н. „црвените зони“, меѓу кои е и Северна Македонија. Поради зголемениот број на нови Ковид-19 пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од „црвената зона“.

Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од „црвената зона“, мора да поминат 10-дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.

Кога влегувате во Австрија, мора да обезбедите еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележан KОВИД-19, што преставува единствен начин да се избегне карантин (самоизолација) од 10 дена, што може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележан KОВИД-19.

За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 ден, но не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето.

Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави можете да најдете на веб страната на МНР на следниот линк https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...