Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Сепак, Советот на ЕУ не ја донесе конечната одлука.

Објавил: admin@magazin | 30 октомври, 2021 9:57

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зимското сметање на времето почнува ноќва на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за еден час наназад.

Со тоа времето во 3 ќе се смета како 2 часот.

Промената на часовниците со години подлежи на дебата поради тврдењата дека предизвикува низа здравствени и психолошки нарушувања кај човекот.

Според некои научници, поместувањето на часовникот може да доведе до низа тегоби, како што се мигрени, нервоза и депресија, губење на енергијата.

Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Сепак, Советот на ЕУ не ја донесе конечната одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Исклучок се Русија, Белорусија и Исланд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.