Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 октомври, 2020 16:28

Во недела почнува зимското сметање на времето

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Летното сметање на времето во 2020 година се завршува на 25 октомври во 03 часот по полноќ, така што стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад!

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година.

Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Одлуката за преминување на зимско сметање на времето е објавена во Службен весник, објави Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.