Ако била приказната за функција, јас добив понуда за едно од најпрестижните функции

Објавил: Македонка Димкин | 15 јануари, 2022 10:11

Не ми е важна функцијата, двапати се заканив со оставка, вели Димитров

Фото/Текст извор: ©sloboden pecat

Вицепремиерот за европски прашања во заминување, Никола Димитров, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека очекувал голем број напади и реакции по неговата прес-конференција на која остро го критикуваше владиниот пристап кон македонско-бугарскиот спор, но дека од некои од тие реакции е изненаден

-Не е баш дека останав без ништо, па ајде ќе се лутам. Ако била приказната за функција, јас добив понуда за едно од најпрестижните функции, а таа е да ја претставувам земјата во Вашингтон или сам да си изберам земја. Сепак, таа функција не е толку изложена на јавност, притисок, стресови, а има петпати поголема плата од платата на член на Влада, информира Димитров во емисијата „360“.

поред него, „гајлето што го носи како член на Владата и тимот во однос на преговорите со Бугарија, сега веќе нема да може да го носи сам, затоа што не е внатре“.

-Во битката внатре во два наврати бев принуден да се заканам со оставка, односно им реков ако одите по оваа линија, тоа ќе морате да го правите без мене, а јас ќе излезам надвор и ќе бидам гласен. Ова му го кажав и на премиерот и на министерот за надворешни работи, додаде вицепремиерот за европски прашања во заминување.

Тој останува на ставот дека конечното решение со Бугарија мора да оди на одобрување во Собранието и како причина ја наведува Декларацијата за македонските позиции усвоена од пратениците, како и тоа што и бугарската страна ќе го оди истиот пат – преку нивниот парламент. Тоа, според вицепремиерот, е уште еден филтер и можност за зголемена доверба во евентуалното решение.

Во врска со нападите на неговата изјава дека нема доверба во шефот на дипломатијата, вицепремиерот вели дека еден од посебно бизарните бил дека тоа го рекол затоа што Бујар Османи е етнички Албанец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.