Според рускиот ТВ канал „Ѕвезда“, во Сирија веќе е започнато регрутирање на доброволци, кои во наредните денови треба да бидат префрлени на боиштето во Украина и да им се приклучат на руските воени сили.

„Сите разбираат дека руските војници некогаш пролеале крв за сириската земја, а сега е време да му се помогне на братскиот народ“, изјавија сириските власти.

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 март, 2022 12:22

Војници од Сирија се подготвуваат да одат во Украина: Русија е во нашите срца!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако Владимир Путин го одобри доаѓањето и борбата на странски волонтери во Украина, во Сирија се одржаа воени собири за поддршка на Руската Федерација.

Според рускиот ТВ канал „Ѕвезда“, во Сирија веќе е започнато регрутирање на доброволци, кои во наредните денови треба да бидат префрлени на боиштето во Украина и да им се приклучат на руските воени сили.

„Сите знаат дека руските војници некогаш пролеале крв за сириската земја, а сега е време да му се помогне на братскиот народ“, изјавија сириските власти.

На видеото што беше објавено се гледа како мажи потпишуваат документи за доброволно учество во војната во Украина на страната на Руската Федерација.

Секои волонтери покрај митралези, како дел од опремата добија и голем ранци со опрема и панцири.

Волонтерите кои во наредните денови ќе патуваат во Русија, а потоа и во Украина, одржаа и собири на кои носеа транспаренти со буквата „З“ и ликот на Владимир Путин.

Под транспарентите стоеја натписите „Русија е во нашите срца“, „Големата руска армија“ и „Ќе ги победиме нацистите“.

„Речиси сите борци зад нив имаат солидно борбено искуство.

Многумина продолжија да служат во сириската армија, но им беше дозволено привремено да заминат во Украина со договор меѓу сириската и руската влада“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со Советот за безбедност на оваа земја, на кој меѓу другото се разговараше и за актуелната ситуација во Украина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести