-“Лајф кеар центар” е моја фирма, која е купена на име на жената, по моја наредба, значи на мојата фамилија е. Во сопственост нема ништо, освен плац од 10.000 квадрати, отприлика, истакна бизнисменот.

Тој појасни дека во 2019 година се случила купопродажбата, односно неговата сопруга станала сопственик на оваа фирма.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 март, 2022 16:49

Сведочење на Самсоненко: Плацот на Водно е мој, го купив од Камчев за 110 милиони денари

Фото/Текст извор: ©фокус

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко денеска сведочеше во Кривичниот суд, за предметот “Плацевите на Водно”. Тој во судница беше повикан од одбраната на обвинетиот Орце Камчев.

Самсоненко сведочеше дека плацот на Водно, кој според обвинението е во тајна сопственост на екс премиерот Никола Груевски, е негов и дека не му е јасно зошто не може да го користи, односно таму да си изгради куќа.

-“Лајф кеар центар” е моја фирма, која е купена на име на жената, по моја наредба, значи на мојата фамилија е. Во сопственост нема ништо, освен плац од 10.000 квадрати, отприлика, истакна бизнисменот.

Тој појасни дека во 2019 година се случила купопродажбата, односно неговата сопруга станала сопственик на оваа фирма.

Барав голем плац за да изградам куќа за мојата фамилија. Не можев да најдам бидејќи барав над 5.000 квадрати. Орце Камчев ми го предложи овој плац како една од варијантите. Јас разгледував и го одбрав. Договорот беше да го исплатам за три години и го исплатив и пред време. Платив 110 милиони денари, рече Самсоненко, кој додаде дека со тие пари безгрижно би живеел 10 до 15 години.

Тој се пожали дека има бликада на плацот, а не му е јасно зошто.

-Нема уште пат до плацот, кој треба да го направи општина, што ми смета. Има блокада, а не ми е јасно зошто. Од тоа трпам штета, и го замолувам судот да ми објасни зошто. Кога го купив, проверив, се беше чисто. Сега пак не можам ни да градам, ни да го продадам. Да го разгледате тоа мое барање, побара бизнисменот Самсоненко.

Според обвинителството пак овој плац е во тајна сопственост на екс премиерот Никола Груевски. Поточно, според обвинението, плацот сменил неколку сопственици, со цел да се сокрие вистинската сопственост.

Спорд обвинението, во летото 2012 година кумот на Груевски, Ристо Новачевски, основал фирма-ќерка во Скопје, „Сирах инженеринг“, а на сметката во неколку наврати легнале парите на Груевски, стекнати преку донации за партијата. Со нив, пак, потоа биле исплатени две парцели, со вкупна големина од 11.000 квадратни метри.

Од обвинителството откриваат и дека по објавата на „бомбите“, кои ја откриваат сопственоста на градежните парцели, се прави обид да се прикрие вистинскиот сопственик, па Новачевски ја пренел сопственоста на друго правно лице. Поточно, според документите од Централен регистар, уделот во „Сирах инженеринг“ го купува „Орка Холдинг“, во сопственост на Камчеви, а поголемата парцела се цепка на три помали.

Денеска во Катастар овие парцели имаат нов сопственик, односно се на Друштвото за трговија, услуги, одмор и рекреација на пензионери „Лајф кеар центар“ ДОО Скопје. До јуни 2019 година оваа компанија била на бизнисменот Орце Камчев, а потоа управител и сопственик станува Ирина Самсоненко, сопруга на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Парцелите се со големина од 4.470, 750 и 4.923 квадратни метри шума.

Според обвинението, Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.