Новата британска стратегија за енергетска безбедност, која ќе биде претставена на крајот на следната недела и се очекува да ја обврзе владата да поддржи изградба на најмалку две нови големи нуклеарни централи до 2030 година со мали модуларни реактори, пишува британскиот весник.

Објавил: Мате Парлоф | 3 април, 2022 11:17

ЕНЕРГЕТСКА ЕКСПАНЗИЈА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: План е да се изградат шест или седум нови нуклеарни централи до 2050 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Велика Британија би можела да изгради до седум нови нуклеарни централи како дел од радикалната експанзија на домашната енергија по руската инвазија на Украина.

Како што изјави министерот за енергетика Квази Квартенг за Sunday Telegraph “ќе има шест или седум фабрики во Обединетото Кралство до 2050 година“.

Според „Јутарњи лист“, министрите се согласиле да основаат ново тело за развој наречено „Големата британска нуклеарка“ за да ги идентификува локациите, да ги намали бирократските пречки и да го забрза процесот на планирање, а исто така да ги собере приватните компании да управуваат со секоја централа.

Новата британска стратегија за енергетска безбедност, која ќе биде претставена на крајот на следната недела и се очекува да ја обврзе владата да поддржи изградба на најмалку две нови големи нуклеарни централи до 2030 година со мали модуларни реактори, пишува британскиот весник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.