До 9 часот излезноста на гласачките места во општина Центар Жупа е 2.17 отсто, односно гласале 154 гласачи, соопшти Државната изборна комисија.

Објавил: Перо Милчин | 17 април, 2022 10:43

Во Центар Жупа се гласа за градоначалник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник.

Непречено се одвива изборниот процес во општина Центар Жупа, каде до 9 часот правото на глас го оствариле 154 гласачи.

-Во процент тоа изнесува 2,17 отсто од вкупно запишаните 7.077 гласачи. Споредено со локалните избори на 17 октомври минатата година, бројот на оние кои го остварите правото на глас малку е поголем. Тогаш до 9 часот гласале 120 лица или 1,6 отсто од 7.317 колку што беа во единствениот избирачки список, изјави Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.

Додава дека вообичаено поголема излезност се очекува во попладневните часови и нагласува дека членови на комисијата се во постојана обиколка на гласачките места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.