Според одлуката на Апелација, тој има обврска да се јавува во Кривичниот суд секој работен прв понеделник во месецот во 10 часот, а во исто време му беше одземена и патната исправа.

Објавил: Мате Парлоф | 16 јуни, 2022 6:50

По укинувањето на притворот, Рашковски бара да му се врати пасошот

Фото/Текст извор: ©360/магазин.мк

Рашковски е обвиниет за злоупотреби со набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, а во феверуари му беше укинат прво затворскиот, потоа и домашниот притвор

На денешното судско рочиште во случајот „Софтвери“, првообвинитетиот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, побарал да му биде вратен пасошот, откако претходно му беше укината мерката притвор, објавија повеќе медиуми.

За време на денешното рочиште повторно се читале пораки на Вибер кои меѓусебе си ги разменувале осомничените лица во „Софтвери“.

Рашковски е обвиниет за злоупотреби со набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, а во феверуари му беше укинат прво затворскиот, потоа и домашниот притвор, откако Апелација ја прифати гаранцијата од 192 илјади евра.

Според одлуката на Апелација, тој има обврска да се јавува во Кривичниот суд секој работен прв понеделник во месецот во 10 часот, а во исто време му беше одземена и патната исправа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.