„Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2022 21:27

Ковачевски: Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација“, вели премиерот Димитар Ковачевски.

„Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите.

Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме. Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија. Посакувам успешен и мирен“, напиша Ковачевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.