СДС нема никаков легитимитет да говори за насилство на протести - затоа што сиот народ е свесен на каков начин дојдоа на власт!

Објавил: Перо Милчин | 5 јули, 2022 18:23

СДС нема легитимитет да говори за насилство на протести!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДС нема легитимитет да говори за насилство на протести!

Откако вчера квислиншката власт се соочи со искрениот револт на народот, истата се обидува со перфидни методи да даде друга димензија на протестите – во нивниот препознатлив манипулативен и спинувачки стил.

Благодарение на совесни вработени во службите, до нас пристигна информации дека власта има сериозни намери да вклучи провокатори во протестите. Се со цел да предизвикаат сериозни нарушувања на јавниот ред и мир за да ги оправдаат нивните полициско – репресивни активности и да се обесхрабри македонскиот народ да дојде да го изрази правото на протест против националните предавства.

Ваквите методи на делување не се воопшто за изненадувањеод страна на еден тоталитарен и хибриден режим. Нашите членови во ниту еден момент не ја загрозија безбедноста на полициските службеници вчера, ниту пак фрлаа со тврди предмети – а така ќе биде и на денешниот протест.

Потенцираме дека членовите на Левица не носат фантомки, а секое лице кое во таква форма ќе биде забележано ќе биде изолирано и нема да му се даде поддршка во неговите активности.

СДС нема никаков легитимитет да говори за насилство на протести – затоа што сиот народ е свесен на каков начин дојдоа на власт!

Кога неправдата станува закон – отпорот станува должност, велат од партијата Левица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести