Тајванските медиуми објавија дека се урнала ниска зграда во која се наоѓала продавницата и дека во тек се спасувачки операции за луѓето кои биле во таа зграда. Најмалку еден вагон излетал од шините на железничка станица на источниот брег

Објавил: admin@magazin | 18 септември, 2022 11:25

Се урна зграда во силниот земјотрес на Тајван, во тек е спасувачка акција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, еден ден по земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди островот, соопшти Централната метеоролошка служба.

Тајванските медиуми објавија дека се урнала ниска зграда во која се наоѓала продавницата и дека во тек се спасувачки операции за луѓето кои биле во таа зграда. Најмалку еден вагон излетал од шините на железничка станица на источниот брег!

Епицентарот на земјотресот бил на околу 42,7 километри северно од округот Таитунг во источен Тајван. Сепак, нема извештаи за жртви или поголема материјална штета.

По вчерашниот земјотрес, локалните медиуми објавија за уривање на стара куќа од тули, оштетување на мост, срушени предмети од полици на продавниците, запрени лифтови во високите згради, привремено прекинати железнички линии и други проблеми.

Претставник на Централната метеоролошка управа денеска изјави дека последователните потреси би можеле да траат месец до два. Јапонија издаде предупредување за цунами по земјотресот.

Во септември 1999 година, островот, кој се наоѓа на границата меѓу евроазиската и филипинската плоча, беше погоден од земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа повеќе од 2.400 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести